Дамјановски: Денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ е дефокусирање на јавноста (видео)

Сподели со своите пријатели

Во услови на кревка безбедносна состојба, и фактот што и после два месеци, кумановската јавност се` уште не доби одговор за тоа што се случуваше во градот на 9 мај, ОК на ВМРО ДПМНЕ денес одржа прес конференција на која се обиде да ја дефокусира јавноста, изјави Зоран Дамјановски, при посетата на ул. Перо Илиевски во кумановската ”Дива населба”.

Loading...

Според Дамјановски, обвинувањата на ОК на ВМРО ДПМНЕ за раскрсницата помеѓу бул. Октомвриска Револуција и Трета МУБ е проект на проектантското биро ”ПРОСТОР”, направен пред шест ипол години, според кој, не било можно да се направи кружен тек како што тоа го бараат опозицинерите од градот.

Градоначалникот на Куманово денешната изјава ја даде за време на посетата на Дива населба, каде во денешна посета пристигна Виктор Хаџиаврам, потпретседател на Асоцијацијата на градови – носители на порака на мир.