Дали Турција ќе ја укине забраната за прелет на руски авиони над Сирија?

Сподели со своите пријатели

Турција наскоро може да ги укине ограничувањата за прелети на руски авиони во Сирија, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.

Loading...

Анкара нема да поставува услови за Москва, посочи тој и додаде дека турското раководство било принудено на такви одлуки поради политизирањето на сириското прашање под притисок на Западот.

Да потсетиме дека Турција претходно го затвори небото за руските цивилни и воени летови кон Сирија.

„Верувам дека прашањето е решливо, тоа е само прашање на време. Односите меѓу нашите земји се на многу високо ниво. Од Турција нема услови. Веруваме дека оваа бариера е привремена и вештачка и дека наскоро ќе биде надмината“, додаде Лавренјев, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Рускиот функционер исто така рече дека нема потреба од префрлање на руските сили од Сирија во зоната за специјални операции во Украина по анексијата на нови територии.

„Во Сирија имаме ограничен воен контингент кој не е толку голем по број и не учествува директно во борбените операции“, рече Лаврентиев.

Тој рече и дека Москва е подготвена да обезбеди платформа за преговори меѓу претседателите на Турција и Сирија, доколку за тоа постои заедничка желба.

Според него, Русија се надева дека Турција ќе ги усвои сугестиите на Москва за залудноста на операцијата во Сирија.

Loading...

„Се надеваме дека тие ќе ги слушнат нашите ставови бидејќи никој не сака да предизвика ескалација на тензиите не само во областа на северот и североисточниот дел на земјата, туку и на целата територија на Сирија“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти

Има и надеж, додаде тој, дека Турција ќе се воздржи од копнена операција во Сирија.

Има надеж за тоа, но неопходно е да нема провокации од групи од северот на Сирија.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар на 21 ноември објави дека вооружените сили на Републиката убиле 184 терористи за два дена од операцијата „Меч-канџа“ во Сирија и Ирак.

Во акцијата учествуваа повеќе од 50 авиони и 20 дронови. Артилеријата обезбеди авијациска поддршка.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата била успешно спроведена на северот на Ирак во областите Кандил, Асос, Хакурк, како и во областите Арап-Пинара, Тел-Рифат, Џизра и Дерик на северот од Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина