Многумина од нас не можат да замислат да го почнат денот без омилената црна напивка.
Меѓутоа, кога е вака пеколно топло, попаметно би било да го избегнувате кафето, а особено она попладневното кафе.
Сите се радуваме кога времето е сончево, а особено они кои се во можност во текот на денот можат да отидат до своето омилено кафуле на кафе со пријателите.
Сепак, на тропските горештини ова воопшто не е добра идеја. Иако на прв поглед делува дека филџан кафе, кое има моќ да ни го покачи притисокот би можела да биде одлична превенција против топлотен удар, тоа не е така.
Проблемот е во тоа што кафето (исто како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го покачува крвниот притисок, го забрзува пулсот, а може да предизвика и прескокнување на срцето.
За жал, тоа покачување на притисокот е само моментално, а токму откако ќе престане дејството на кофеинот може да дојде до стрмоглаво спуштање на притисокот.
Сигурно не сакате да ви се слоши, а уште помалку да доживеете инфаркт или мозочен удар.