Дали сте биле во прилика да ги видите вашите пријатели како се бакнуваат со непознати во ноќта и сте помислиле дека вие никогаш такво нешто не би можеле да направите?
Ако такво нешто ви се случило тогаш би можеле да бидете демисексуална личност, пишува Индепендент.
Демисексуалците се лица на кои некој може да им се допадна дури тогаш кога ќе го запознаат. За нив е потребно да почувствуваат силна емоционална поврзаност да за можете да почувствувате и силна сексуална поврзаност.
Останува нејасно колкав процент од популацијата се идентификуваат како демисексуалци. Со оглед дека демисексуалноста припаѓа под асексуалност за која се претпоставува дека опфаќа еден процент од светската популација, тој процент сигурно не е многу голем.
Од кога се појавил зборот во 2008 година и започнал да привлекува вимание, се повеќе луѓе започнале да се идентификуваат како демисексуалци. Многумина за себе мислат дека се премногу пробирливи пред да дознаат дека всушност тоа е демисексуалноста.
Една корисничка на форумот Reditt својата демисексуалност ја објаснила со зборовите дека додека била тинејџерка секогаш за себе мислела дека е чудна додека не отрила за што станува збор.
Секогаш се повлекував од друштвото кога почувствував страв дека би можела да бидат приморена на некој чинна романтична или сексуална природа со останатите. Но, набргу откако се наоѓав сама во својата соба, чезнеев за врска со некој и своите сексуални потреби ги задоволував сама.
Таа вели дека кога дознала за демисексуалноста почувствувала збунетост, изолација и болка.
Кај демисексуалноста не е во прашање сексот, туку да се биде сексуално привлечен некому.
Една 23-годишна девојка тоа го објаснила вака:
Кога бев млада, моите другари зборуваа за познатите ѕвезди, а јас не можев да разберам како може да им биде привлечен некој кого не го запознале.
Таа вели дека ги мрази оние „на брзина“ случки, како и дека никако не може да разбере како некој може да се бакнува со некој кого го запознале пред пет минути.
Многу демисексуалци се борат и со физичкиот контакт и итимноста, пред да запознаат некого.
Верувам дека никој така лесно не можел сексуално да ме предизвика како остатокот од светот и многу ретко чуивствувам сексуална привлченост кон некој. Кога не чувствувам привлечност, морам да ја запознам таа личност и да дознам како ја вреднува мојата интелигенција и лични атрибути.
Многу луѓе од различни сексуални ориентации би се согласиле со таквото толкување, но кај демисексуалците тоа нема никаква врска со физичкиот изглед.
Тоа повторно не значи дека тие не го ценат изгледот, туку само кај нив тоа не е пламенот кој ја разгорува сексуалноста. На чувствата им е потребно да се развијат, а кога ќе дојде до тоа, тогаш тоа е вистинското.