Дали кафето и чајот го продолжуваат животот?

Сподели со своите пријатели

За подолг живот, научниците нудат потрошувачка на кафе и чај. Излегува дека топлите пијалаци намалуваат соединенија во крвта кои ги зголемуваат воспаленијата и можат да предизвикаат кардиоваскуларни заболувања, соопшти Daily Mail.

Loading...

Кофеинот, на кој се должи стимулирачкиот ефект од кафето и чајот, ги блокира штетните соединенија, тврдат научниците од Универзитетот Стенфорд.

Индиски техники против стрес, но и за добро здравје

Според нивните испитувања, обожавателите на кофеинови пијалоци имаат пониски нивоа на воспалителни соединенија во крвта.

 

 

„Повеќе од 90 проценти од сите незаразни болести на стареењето се поврзани со воспаление”, вели д-р Дејвид Фрман од тимот.

Loading...

Основните штетни хемикалии блокирани од кофеинот, се нарекувата интерлеукин-1-бета.

Рецепти за смути погодни за здрави диети

Друго соединение, карактеристично за чоколадото – теобромин, исто така, има анти-воспалителни својства, но не толку силни како кофеинот.

Деновиве друго истражување на британски научници од Универзитетот во Шефилд, пак доведе до заклучок дека оние кои сакаат да се долголетници, е добро да се воздржат од секс.