Дачиќ: Српската полиција има звучен топ, но не е во употреба

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за порталот „Данас“ изјави дека полицијата поседува звучно оружје или колоквијално наречени „звучни топови“, што значи дека овие системи кои се купени во 2021 година се во сопственост на МВР.

Loading...

Како што јави Данас, Дачиќ синоќа изјавил дека овие системи се наоѓаат во магацини во кутии, дека се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, но дека не се пуштени во употреба, ниту се монтирани на некое возило или систем.

На прашањето зошто тогаш изјавил дека МВР не поседува „звучен топ“ или друго слично звучно оружје, министерот рече дека тоа е несмасна изјава.

„Тоа е несмасна изјава. Со тоа се мисли дека МВР не ја вклучи оваа алатка во својот арсенал на присилни средства“, изјави Дачиќ за „Данас“.

Запрашан зошто државата однапред го „купила“ системот, кога не е дозволена нивна употреба, Дачиќ вели дека се работи за промашена инвестиција.

„Веројатно тогаш се мислеше дека ќе се донесе нов закон за полиција кој ќе предвидува употреба на звучно оружје како уште едно средство за принуда“, додаде тој.