ЦУК: Внимателно во природа заради почеста појава на змии, а попладнево од грмежи

Сподели со своите пријатели

Центарот за Управување со кризи упратува препораки до граѓаните за внимателност од змии доколку се претстојува во природа, додека за попладнево повикува на претпазливост поради најава за електрични празнења.

Loading...

– ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии, па, иако во ретки случаи, можат дури и да бидат гризнати од влекачите. Во таков случај и после права самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош, информираат оттаму.

Ако змијата е отровна, велат од ЦУК, покрај правилната прва самопомош е многу важно и за што пократко време да се добие и медицински третман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Куманово помогнало на страданите од земјотресот во Скопје од 1963?

За попладнево, како што велат од УХМР, се најавени поројни врнежи со громови и молњи, па се препорачува внимателност.

– Внимателно во природа попладне, најавени се локални изолирани поројни врнежи со громови и молњи. Препорачливо е при такви случаи да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Никола Ивановски

Loading...