COP27: ЕУ е подготвена да ги напушти преговорите за климата

Сподели со своите пријатели

Европската унија предупреди дека е подготвена да ги напушти преговорите за климата доколку не биде постигнат договор, но рече дека сепак верува дека може да се постигне договор денеска меѓу преговарачите на самитот COP27 во Египет.

Loading...

„Мораме да одиме напред, а не назад, и сите министри се подготвени да си заминат ако немаме резултат што одговара на она што светот го чека – имено да направиме нешто за оваа климатска криза“, рече висок претставник за климатски промени на ЕУ политиката Франс Тимерманс, пренесе Ројтерс.

Говорејќи пред новинарите на маргините на самитот, тој ги повика другите страни во разговорите да возвратат на напорите за постигнување договор, особено за финансирање на посиромашните земји погодени од климатските катастрофи.

„Веруваме дека позитивниот резултат е сè уште на дофат и денес. Но, ние сме загрижени за некои работи што ги видовме и слушнавме во последните, на пример, 12 часа“, рече тој.

„Попрво да немаме одлука отколку лоша одлука“, рече Тимерманс.

Франција објави дека климатските разговори на COP27 во Шарм ел Шеик сè уште не доведоа до договор што може да го спречи порастот на глобалните температури во оваа фаза.