CNN објави интервју со човек кој „90 дена бил во самица во таен затвор во Дамаск“, но…

Сподели со своите пријатели

Репортажата на Си-Ен-Ен со наслов „Репортер на Си-Ен-Ен го документира шокантниот момент на пронаоѓање затвореник во таен сириски затвор, несвесен за соборувањето на Асад“, објавена на 12 декември, привлече големо внимание ширум светот, но од погрешни причини, пишува Вашингтон пост.

Loading...

Видео-извештајот, кој беше објавен на веб-страницата на Си-Ен-Ен, каналот на Јутуб и Платформата Х, ја покажува дописничката Клариса Вард како шета низ она што изгледа како таен затвор во Дамаск.

Придружуван од вооружен маж, наводно припадник на опозициските сили, Вард влегува во ќелијата каде затекнува човек кој се претставува како Адел Гарбал, жител на Хомс.

Гарбал тврдеше дека бил уапсен пред три месеци, откако властите го пребарале неговиот телефон, а подоцна бил префрлен во Дамаск.

Како што изјави, 90 дена поминал во самица, во целосен мрак.

Си-Ен-Ен објави дека трансферот се случил три дена пред да биде соборен режимот на Башар ал Асад, пренесува јутарњи.хр.

 

Loading...

 

Кој е Адел Гарбал?

Иако Вард наводно била во Дамаск во потрага по исчезнатиот американски новинар Остин Тајс, многумина се сомневаат во автентичноста на ова откритие.

И покрај тврдењето дека не видел сончева светлина три месеци, Гарбал не покажа физички реакции на дневна светлина, како што се кривогледување или трепкање, што би се очекувало од личност која била во темнина толку долго.

Напротив, делуваше весело, гледајќи директно во небото.

Покрај тоа, тој беше чист, уреден и во добра физичка состојба, без знаци на неухранетост или злоупотреба – ретко поврзана со затвореници од сириските затвори.

Независната организација за проверка на факти, Верифи-Си, започна сопствена истрага за да го потврди идентитетот на човекот во извештајот.

Според нивните сознанија, јавните записи не даваат никакви информации за лице по име Адел Гарбал.

Понатамошната истрага во Хомс откри дека човекот во извештајот е всушност Салама Мохамед Салама, познат по прекарот „Абу Хамза“.

Loading...

Салама е поранешен поручник во сириската воена разузнавачка служба, озлогласен во Хомс, особено во населбата Ал-Бајада.

Жителите го идентификуваа како лице поврзано со бројни случаи на злоупотреба, изнуда и присилно регрутирање цивили како доушници.

Сведоштвата на поранешни затвореници и станари наведуваат дека Салама учествувал во воени операции во Хомс во 2014 година, правејќи произволни апсења и мачејќи млади мажи кои не можеле да платат мито.

По падот на Асад, Салама наводно се обидел да се прикаже како жртва, тврдејќи дека бил принуден да врши злосторства.

Тој исто така ги избришал своите профили на социјалните мрежи и го сменил телефонскиот број за да го прикрие своето минато.

Верифи-Си открива дека Салама бил приведен во Дамаск помалку од еден месец, а не 90-те дена што ги објави CNN, и дека неговиот притвор е поврзан со внатрешен спор околу распределбата на пари за изнуда меѓу воените офицери.

Пропусти во извештајот на CNN

Според „Вашингтон пост“, Си-Ен-Ен потврдил дека биле заведени со голема помпа од човек ослободен од сириски затвор минатата недела.

После тоа многумина ја нападнаа новинарката Клариса Вард на социјалната мрежа Х, но многумина ѝ дадоа поддршка.

Loading...

Вард е една од најпознатите странски дописници и заштитно лице на CNN од различни жаришта на светската војна.