Членовите на „Лев Тахор“ доцна синоќа го напуштија Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Триесетината членови на радикалната еврејска заедница „Лев Тахор“ кои привремено беа сместени во две куќи во кумановската населба Зелен рид, доцна синоќа го напуштија Куманово. Информацијата ја потврдија и од кумановската полиција, но и сопствениците на куќата во која биле сместени.

Loading...

Според последните информации на Министерството за внатрешни работи, тие сѐ уште се во државата. Префрлени се во Скопје од безбедносни причини.

– Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, велат од МВР.

 

 

Инаку, како што неофицијално дознава порталот Кумановски Муабети тие денеска ќе си заминат и од државата.

Вчеравечер нашата екипа разговараше со еден од членовите, кој ни рече дека не се чувствуваат безбедно во Куманово и дека наишле на голема дискриминација.

Loading...

 

 

Планирале да останат околу еден месец, но веќе вториот ден откако дошле во изнајмената куќа наишле на малтретирање од млади кумановци, кои постојано им доаѓале на врата, викале, и им тропале на вратата. Дел од нив првата вечер им ја скршиле портата, а втората вечер гаѓале со јајца во куќата.

Рече дека најверојатно ќе ја напуштат државата, но на прашањето зошто дошле токму во Куманово и каде планираат да одат, рекоа дека не знаат тие, туку нивниот шеф, мислејќи веројатно на лидерот на оваа верска заедница.

 

„Не се чувствуваме безбедно тука“, велат припадниците на „Лев Тахор“ (ВИДЕО)

Никола Ивановски / Стефан Младеновски

Loading...