Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Loading...

Земјотресот се случил на длабочина од 67 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри јужно од градот Ла Серена, кој има 154.000 жители.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.