Двете страни на Атлантскиот океан во прегратка се на остра зима која не попушта. Делови на САД до крајот на неделата ги зафатија исклучително ниски температури – дури до минус 53 степени.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илионис, Алабами и Мисисипи.
Националната служба за временска прогноза ситуацијата во Илионис ја прогласи за можна закана по животот на граѓните.
Во државата Минесота измерени се минус 34 степени, а поради ледениот ветер прогнозирана е температура и до минус 45 степени. Истото важи и за Милковки, главниот град на Висконсин. Вакви ниски температури не се забележани од 1996 година.
Во Филаделфија, најголемиот град во државата Пенсилванија, луѓето се борат со студенило, леден ветер и температури под нулата, а особено е тешко наутро. Фонтаната во Брајант парк во Њујорк е замрзната.
Претседателот Доналд Трамп на Твитер напишал „на прекрасниот Среден запад“ ледените температури достигаат минус 60 степени.
– Што по ѓаволите се случи со глобалното затоплување? Те молам врати се бргу, напишал Трамп.
Како што наведува ВВС, Чикаго ќе биде постуден и од Антарктикот.