„Чиј беше Јон“ промовирана во македонскиот КИЦ во Софија

Сподели со своите пријатели

Книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази вечерва беше промовирана во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Делото е објавено на бугарски јазик како издание на „КВЦ“.

Loading...

– Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности. Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси.

 

 

Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово во 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното, ја играше главната улога во „The Forgiveness of Blood“, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Автор е на два романи, како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои во моментов играат на театарските сцени во земјава.