Четвртиот мобилен оператор „Албафон“ чиј префикс беше 073 повеќе нема да постои, пренесува порталот Репортер.
Како што пренесува порталот, во текот на вчерашниот ден, корисниците добиле пораки дека компанијата нема повеќе да функционира и дека треба да се префрлат на друга мобилна мрежа.
Албафон на телекомуникацискиот пазар нудеше телекомуникациски услуги на околу 16.000 корисници и ги користеше услугите преку мрежата на ОНЕ, за што веќе имале големи долгови кои не ги подмириле кон компанијата. Од ОНЕ најавија коментар за подоцна во денот.
Албафон беше четвртиот мобилен оператор чија целна група беа првенствено граѓаните со албанско етничко потекло-како начин за остварување на подобри економски резултати што се покажа погубно за пазарната логика во која главна улога играат цените и технолошкиот напредок.