Четворица астронаути утрово успешно слетаа на Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата, соопшти денеска НАСА во раните утрински часови.

Loading...

„Crew-6“ на вселенското летало Dragon Endeavor на SpaceX слета на брегот на Флорида околу 17 часа по одвојувањето од ISS.

Тој екипаж, кој ја напушти Земјата во март, го сочинуваат Американците Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Федјаев и султанот ал Нијади од ОАЕ.

Со заминувањето на четворица астронаути, екипажот на станицата повторно се намали на седум члена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иднината на чоколадото е неизвесна поради разорен вирус кој брзо се шири