Четири патни правци во кумановско ќе се реконструираат годинава

Сподели со своите пријатели

Четири регионални патни правци во кумановско ќе започнат со реконструкција во текот на почетокот на оваа година, најави вицепремиерот на Република Македонија Оливер Спасовски, кој истакна дека 2019 година ќе биде година во која ќе се работи за просперитетот и развојот на државата.

Loading...

Со финансиски средства од Владата ќе се изврши целосна реконструкција на патните правци Куманово – Свети Николе, Старо Нагоричане – Граничен премин Табановце, Куманово – Опае и Куманово – Никуштак, најави Спасовски, додавајќи дека со доделените пари за индустриската зона во Речица ќе њсе подобри локалната економија.

– Огромни средства финансиски во делот на вложување на инфраструктура која ќе ја ангажира целосната економија во Република Македонија. Ќе започне целосна реконструкција на патот Куманово – Свети Николе, на патот Старо Нагоричане  – Граничен премин Пелинце, Куманово – Опае и Куманово – Никуштак, тоа се четири регионални патишта кои ќе ги финансира Владата на Република Македонија. Пред неколку дена на седница на Влада донесовме одлука за додфелување на 20 милиони денари на Општина Куманово за изградба на индустриската зона во Речица, да создадеме нови перспективи за нови капацитети за нови работни места и за подобрување на економската клима во Куманово.

Годинава Спасовски очекува и гасификација на кумановската Општа болница, изградба на нови училишта, а со цел, како што истакна да има вложувања кои ќе овозможат подобар живот за сите граѓаните.

– 2019 година треба да биде година во која ќе работиме уште позасилено за развој и просперитет на државата, јас сум убеден дека тоа ќе биде година во која Македонија ќе биде дел од НАТО алијансата, ќе го гарантираме територијалниот интегритет на државата, ќе ја гарантираме безбедноста на државата, ќе направиме пазар за економски развој и дека токму 2019 година ќе биде годината во која ќе ги почитуваме сите добри политики кои ги спроведувавме во 2018 година и ќе почуствуваме сите ние бенефит.Многу мерки кои беа дел од програмата на СДСМ се мерки што со овој Буџет од 2019 година од први јануари почнуваат да се реализираат: зголемувањето на социјалната помош, зголемувањето на опфатот на деца за паричен надоместок, досегашните 3.000 деца сега ќе земаат над 70.000 деца во Македонија, зголемување на платите во повеќе сегменти, здравство, образование, одбраната, полицијата, сето тоа ќе донесе за доближување на економскииот раст на Македонија, посочи вицепремиерот Спасовски.

Според Спасовски агендата е многу надежна и бара енергија и работа, но Владата е подготвена да ги заврши сите активности.

– Гледате дека работите се движат, но тоа што се уништувало 14 години не може да очекуваме дека ќе биде за една година средено, меѓутоа огромен е растот за овие година дена од тоа што беше вчера и токму за тоа трпение уште еднаш ви благодарам, додаде Спасовски.

Годинава ќе се реализира и проектот „Македонија без кал“ а кој предвидува асфалтирање на повеќе локални патишта.

Loading...

Leave a Reply