Четири лица во бекство откако ограбиле мигранти во градскиот парк

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, на 15.05.2015 година, околу 19,00 часот, во градскиот парк во Куманово од страна на пет непознати лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над М.А. (25) и Б.А. (17), двајцата од Сирија, при што им одзеле рачен часовник, 500 евра и гардероба.

Loading...

Од страна на СВР Куманово по преземени мерки пронајден е и приведен Б.А.(20) од Куманово, а по вториот осомничен С.А.(26) и уште три засега непознати лица се  уште се трага.

Кај Б.А. е пронајден рачниот часовник и против истиот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена додека мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Leave a Reply