Четири лица се тешко повредени во пожар што избувна во текот на ноќта во болница во Берлин, а еден пациент се здобил со повреди опасни по живот, соопштија денеска властите.
Полицијата соопшти дека во врска со пожарот е приведен маж и дека не се исклучува можноста за подметнување пожар.
Пожарот што избувна на третиот кат на „Клиникум ам Урбан“ во германската престолнина е изгаснат рано утринава, соопшти противпожарната служба.
Тројца пациенти и една медицинска сестра се тешко повредени, меѓу нив и пациентот кој се заглавил во лифтот и чиј живот е во опасност.
Четириесет лица се евакуирани од болницата поради пожарот, пренесе АП.
Пожарникарите соопштија дека се чини дека пожарот почнал да се шири од запалените кревети во ходникот, но не е јасно како се запалиле, пренесе американската агенција, пренесува Танјуг.