Чешкиот парламент ги заостри законите за оружје по масовното убиство

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Чешка ги заостри законите за оружје, приближно два и пол месеци по најлошото масовно пукање во историјата на оваа европска земја, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на ДПА.

Loading...

Сенатот, Горниот дом на Парламентот, со големо мнозинство ги усвои измените на законот, откако претходно тоа го стори Претставничкиот дом.

Неколку дена пред Божиќ, 24-годишен студент уби 14 луѓе, а потоа и себеси на Универзитетот Карло во Прага. Напаѓачот имал дозвола за поседување оружје.

Измените на законот предвидуваат продавниците кои продаваат пиштоли да треба да ги пријават сомнителните купувачи и трансакции до властите.

Против психолошки тестови

Лицата кои имаат дозвола за поседување оружје наместо досегашните десет, лекарски прегледи ќе треба да се подложат на секои пет години.

Сепак, мнозинството претставници не беа за воведување задолжителни психолошки тестови.

Сепак, законот им дозволува на психијатрите пристап до централниот регистар за оружје за да можат да откријат дали нивните пациенти поседуваат огнено оружје.

Исто така, го олеснува одземањето на пиштолите и пушките доколку властите сметаат дека сопствениците претставуваат безбедносен ризик, на пример, ако објавуваат закани на социјалните мрежи.

Loading...

Претседателот на Чешката Република Петр Павел се уште не го потпишал законот, но тоа се смета за обична формалност.

Измените ќе стапат на сила постепено, најдоцна до 2026 година.