Чеченски командант призна: Да, наши луѓе загинаа, тоа е факт

Сподели со своите пријатели

Украинската армија објави дека во текот на ноќта погодила руски воен аеродром во западниот регион Липецк, оштетила снабдување со наведувани проектили и извршила серија детонации.

Loading...

Киев ги напаѓа руските воздушни бази за да ја поткопа способноста на Москва да напаѓа цели во Украина со борбени авиони.

„Забележани се неколку извори на палење, избувнал голем пожар и се слушнале неколку детонации“, напиша украинската армија на апликацијата Телеграм.

Во таа воздухопловна база се наоѓаат руски авиони Су-34, Су-35 и МиГ-31, додаде таа.

Безбедносен извор за Ројтерс изјавил дека нападот бил извршен со беспилотни летала, додека во базата имало неколку десетици авиони и хеликоптери, како и магацин со 700 проектили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Сирија: Дали Русија може да се бори на два фронта?

Гувернерот на областа Липецк, Игор Артамонов, објави дека „масовниот напад“ на украински беспилотни летала предизвикал експлозии, прекинато напојување со електрична енергија и повредени девет лица.

Руската агенција Интерфакс јавува дека локалните власти зборуваат за пожарот во воздухопловната база. Украински извор дека повеќето од авионите немале време да полетаат.

„На почетокот на август ги расчистивме бомбите и авионите во воздухопловната база Морозовск, денес на ред дојде Липецк-2“, тврди изворот.

Loading...

Чеченски командант: Да, наши луѓе загинаа, тоа е факт

Апти Алаудинов, командант на чеченската единица Ахмат што се бори за Русија, рече дека украинските сили напреднале околу 10 километри во областа Курск од 7 август.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Гардијан“: Белата куќа предвидува лавина помош за Украина со нова стратегија

„Ситуацијата не е изгубена, ништо натприродно не се случи… Да, нашите загинаа, тоа е факт. Непријателот влезе во неколку населени места“, изјави Алаудинов, близок соработник на чеченскиот диктатор Рамзан Кадиров и функционер на руското Министерство за одбрана.

Алаудинов стана првиот руски командант кој призна загуби откако Украина започна прекуграничен упад во регионот Курск на 6 август.

И покрај постојаните тврдења на Москва дека украинското напредување е запрено, борбите продолжуваат.

Чеченскиот командант рече дека украинските сили „добро напреднале на нашата територија, околу 10 километри“.