Реката Пчиња е безбедна за капење, јавува МИА, откако испитувањата на земените мостри од Центарот за јавно здравје покажале дека водата ги задоволува бараните параметри.
Според доктор Мимоза Величковска, примероците биле земени од две излетнички места, најчесто посетувани во летниот период, односно во близина на Меморијалниот центар ”АСНОМ” во Пелинце и од водите покрај минералната бања во с. Строновац.
Анализите на земените мостри според д-р Величковска не содржат присуство на бактерии од фекално потекло, но постои зголемена матност поради обилните врнежи во текот на пролетта.
Водата може да се користи исклучиво за капење, но не и за пиење. По капењето, доктор Величковска препорачува обавезно туширање.