Цела Европа би можела да остане без Фејсбук и Инстаграм

Сподели со своите пријатели

Европејците ова лето би можеле да останат без две од трите најпопуларни социјални мрежи во светот, бидејќи регулаторното тело на Ирска најави дека ќе го запре протокот на кориснички податоци во САД.

Loading...

Ирската комисија за заштита на податоците официјално ја извести ЕУ дека ќе го блокира Мета да испраќа кориснички податоци од Фејсбук и Инстаграм до САД.

Оваа одлука е донесена по долга судска битка меѓу технолошкиот гигант Мета и европските активисти кои се борат за приватност на податоците, пишува Politico.

Недоверба меѓу ЕУ и САД

Во 2020 година, Европскиот суд на правдата го поништи договорот со кој се создаде т.н. Privacy Shield за протокот на податоци помеѓу EI и САД, поради стравувањата дека САД сè уште нема да можат да се воздржат од следење на сите овие податоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Поради тоа, одлуката значително им го отежна на сите американски компании да префрлаат податоци во САД на кој било начин. Единствената опција беа таканаречените Стандардни договорни клаузули (SSC) преку кои преносот на податоци може легално да функционира меѓу двата континента.

 

 

Loading...

Сепак, на крајот на минатата недела, Ирска донесе одлука што значи дека Мета повеќе нема да може да се потпира на SCC за пренос на податоци.

Од друга страна, челниците на компанијата Мета во неколку наврати предупредија дека ваквата одлука може целосно да ги запре повеќето услуги на компанијата во Европа, вклучително и Фејсбук и Инстаграм.

Се чека одлуката на националните регулатори

За да се забрани SCC како единствена правна рамка која дозволува пренос на податоци помеѓу САД и ЕУ, прво е неопходно група европски национални регулатори за приватност на податоците да ја потврдат забраната што ја усвои ирското регулаторно тело.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Доколку тоа се случи, проблемот ќе настане не само за компанијата Мета, туку и за голем број други компании кои работат на овие два континента.

Она што може да помогне да се избегнат големи проблеми е новиот договор за правно-техничката рамка за пренос на податоци меѓу САД и ЕУ, на кој активно се работи.

Уште во март, Брисел и Вашингтон постигнаа прелиминарен договор на политичко ниво, но преговорите за правни прашања и фини детали би можеле да траат до крајот на оваа и почетокот на следната година.

Се ќе биде јасно за еден месец

Во меѓувреме, Ирска го испрати своето барање до регулаторните тела на другите земји, кои сега имаат еден месец да одговорат. Ова значи дека уште во август, Европејците би можеле да останат без нивните омилени социјални мрежи, исто како што би можеле да бидат без iPhone од 2024 година, доколку Apple не се префрли на USB-C за своите телефони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД