CBS: 11 луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес, повеќе од 300.000 евакуирани

Сподели со своите пријатели

Најмалку 11 лица загинаа во пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и изгореа на површина од повеќе од 150 квадратни километри, а повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани, објави утринава Си-Би-Ес Њуз.

Loading...

Најмалку 12.000 згради се оштетени или уништени, објави Лос Анџелес Тајмс.

Извори од органите за спроведување на законот изјавија за Тајмс дека е веројатно дека се подметнати повеќе помали пожари.

Како што јави Си-Би-Ес, иако ветровите ослабеа, се очекува вечерва повторно да почнат да зајакнуваат.

Пожарот Палисадес, најголемиот во областа, изгоре повеќе од 80 квадратни километри и сè уште е локализиран само осум проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дански медиуми: Синот на Трамп најмил бездомници на Гренланд за да се претставуваат како негови поддржувачи

Најмалку пет лица загинаа во тој пожар, додека во пожарот Итон над Алтадена во северниот дел на Лос Анџелес загинаа најмалку шест лица и изгореа повеќе од 50 квадратни километри.

Поради ширењето на пожарот Палисадес, синоќа беа издадени нови наредби за евакуација на областа која се протега од автопатот 405 на исток до булеварот Сансет на југ, од населбата Кањон Мандевил на запад до резерватот Енсино на север, вклучувајќи делови од населбата Брентвуд, Бел-Ер и Енцино.

Пожарот се прошири на повеќе од 32 квадратни километри од вторникот.

Loading...

Повеќе од 5.600 ученици останаа без своите училишта, бидејќи најмалку 12 институции беа уништени во пожарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Контактите Путин-Трамп ќе започнат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Во Алтадена, речиси 2.000 ученици беа погодени од оваа катастрофа.

Комесарот за осигурување во Калифорнија издаде мораториум за откажување или необновување на полисите за осигурување за сопствениците на куќи погодени од пожарите.

Таа забрана ќе важи една година за жителите во областите погодени од пожарите Палисадес и Итон.

Принцот Хари и Меган Маркл вчера го посетија Конгресниот центар во Пасадена, каде што се сместени евакуираните од пожарот Итон.

Кнежевската двојка разговараше со волонтери и им подели храна на околу 1.200 евакуирани.

Меѓу волонтерите беа познатите готвачи Хозе Андрес и Рој Чои, кои ги послужија оброците.