Царинските службеници на Граничниот премин Табановце во текот на изминатата недела спречиле патник нелегално да изнесе поголема сума девизи.
Loading...
– Спречен е обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце, информираат од Царинската управа.
Како што додаваат оттаму, на лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети.
– Против него е поднесена пријава за девизен прекршок, стои во соопштението.
Никола Ивановски