Цариниците на Табановце запленија хероин и девизи (фото)

Сподели со своите пријатели

При контрола на патна торба, оставена на седиште во македонски автобус управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, цариниците на ГП Табановце открија обид за изнесување 7 800 американски долари, јавува Царинска Управа на РМ во неделниот извештај за заплени.

Loading...

Пронајдени се 10.000 американски долари, завиткани во два пара чорапи и хартија. Сопственикот на патната торба, македонски државјанин – патник во автобусот не поседувал документи за потекло на девизите. Согласно законските прописи на патникот му  биле вратени 2.200 американски долари – противвредност на 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

Medicinski materijali, Tabanovce

Минатата недела, пронајдени се и 1.000 пластични шприцеви со по 11 ml ENDOSGEL и 1.000 пластични катетри, откриени при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, сопственост на патник во автобусот – македонски државјанин, биле пронајдени во две картонски кутии сместени во багажниот простор на автобусот.

Царинските службеници од царинската испостава Табановце автопат, во соработка со полициските службеници од граничниот премин, спречија обид за криумчарење на хероин.

Heroin, Tabanovce

На ден 27.05.2015 година, во вечерните часови, за излез од државата се пријавила бугарска државјанка, која била селктирана за детален преглед. Додека царинските службеници вршеле преглед на рачна торба и кеси со храна, приметиле дека патничката фрлила две пакетчиња во внатрешноста на претходно прегледана патна торба. При повторен преглед на торбата биле пронајдени двете пакетчиња, облепени со проѕирна леплива лента и исполнети со околу 200 грама кафеава прашкаста материја, за која со тестер било утврдено дека се работи за хероин.

Loading...

Хероинот и лицето биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Leave a Reply