Цариниците на Табановце открија мотор Хонда расклопен во делови

Сподели со своите пријатели

Како што информира Царинска Управа на РМ во неделниот извештај за заплена, цариниците на ГП Табановце во текот на изминатата недела, открија обид за внесување мотор марка HONDA CRF450R8, во расклопена состојба.

Loading...

Моторот е откриен при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возачот изјавил дека доаѓа од Италија и нема што да пријави за царинска контрола освен личниот багаж, но при извршениот преглед на возилото, во багажниот простор, покриен со патни торби и завиткан во црна најлонска кеса, бил пронајден непријавениот мотор.

Pirotehnika,mobilna

635 огномети се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Дортмунд-Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените пиротехнични средства се пронајдени во патна торба сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.


Leave a Reply