Бугарката со најголеми уста сега сака да си ги зголеми и образите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Бугарката Андреа Иванова (25) имала животна желба да ги има најголемите усни на светот, а откако потрошила 9.000 евра за нивно зголемување, желбата ѝ се исполнила.

Loading...

 

 

Изгледа дека Андреа не се задоволила со тоа, бидејќи сега сака да ги има најголемите јаболчници на светот.

 

 

Loading...

– Заедно со најголемите усни на светот сакам да ги имам и најголемите јаготки. Досега имам примено четири инјекции со хијалуронска киселина во јаготките, но наскоро ќе подлежам на дополнителна инекција – изјави Андреа, пишува Mirror и додаде:

 

 

– За процесот на заздравување треба да избегнувам силен притисок на лицето до три дена. Целта ми е значително да ги зголемам, но секако дека сепак сакам поголеми усни. Ќе продолжам со инјекциите додека не бидам задоволна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea88476)

 

Loading...

Андреа примила хијалурон вкупно 34 пати, а некои лекари и одбиле нова инекција. Имено, тие ја советувале добро да се грижи за усните, бидејќи идните интервенции може да бидат фатални.

 

 

– Усните уште не ми се доволно големи, сакам повеќе волумен – рекла Андреа, а потоа заклучила дека не знае точно колку пари вкупно потрошила, а само за филери за јаболчниците потрошила 1800 евра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea88476)

 

Loading...

– Луѓето понекогаш многу негативно ме коментираат, а многумина не ја одобруваат ниту мојата ново зголемена брада. И моето семејство не го одобрува мојот изглед, но мора да го прифатат мојот избор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea88476)

 

Андреа на Инстаграм ја следат 25.000 луѓе, а таа  ги шокира сите со секоја нова фотографија.