Вчера вечер на градскиот плоштад беше отворено 12-то издание на Тамбурашкиот фестивал, а честа први да настапат ја имаа гостите од Кавадарци, триото Гранде плус заедно со нивниот специјален гостин Бубо Каров.
[huge_it_gallery id=”407″]
Фестивалот со поздравен говор за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Куманово, кој заедно со Советот и Министерството за култура се главните покровители на манифестацијата.
Куманово успеа 12 години да нарпави еден бренд. Бренд кој пошироко на Балканот од овој вид е познат на картата на тамбурашкото музицирање. Јас сум горд што со Нино Величковски, како директор на фестивалот и Советот на општината, 12 години по ред со многу напори успеавме да одржиме еден ваков габаритен фестивел – рече Дамјановски.
Први да настапат имаа можност трио Гранде плус од Кавадарци, но заедно со нивниот гостин Бубо Каров, познат како Цацко од К-15, кој во својот препознатлив стил со по некоја шега и анегдота ги насмеја кумановци.