Бројот на загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,8 степени што го погоди Сарангани на филипинскиот остров Минданао во понеделник се искачи на 45, со повеќе од 487 повредени лица и 17 исчезнати, соопшти Националната агенција за намалување и управување со ризици од катастрофи во земјата.

Филипинските власти соопштија дека повеќе од 33.000 домаќинства, или речиси 150.000 луѓе, биле погодени од земјотресот, а повеќе од 41.000 жители биле раселени.

Во однос на материјалната штета, вкупно 238 инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, училишта и мостови, биле оштетени, заедно со речиси 3.000 куќи, објави Ксинхуа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 300 мигранти киднапирани на пат кон Британија, им се заканувале со вадење бубрези

Агенцијата додаде во соопштението дека земјотресот бил почувствуван низ поголемиот дел од Минданао и делови од централните Филипини, а повеќе од 1.700 последователни потреси се регистрирани од главниот земјотрес.

Операциите за пребарување и спасување во погодените области се уште се во тек.

Филипините се наоѓаат на Тихоокеанскиот „Огнен прстен“, област со интензивна сеизмичка и вулканска активност, што ги прави чести земјотресите и вулканските ерупции.

Архипелагот е погоден од околу 20 тајфуни и тропски бури годишно, што ја прави една од земјите најизложени на природни катастрофи во светот.