Бројот на загинати во експлозијата во Доминиканската Република се искачи на 25

Сподели со своите пријатели

Најмалку 25 лица, меѓу кои и едно четиримесечно бебе, загинаа, а десетици се повредени во експлозија во градот Сан Кристобал во Доминиканската Република.

Loading...

Не е познато што ја предизвикало експлозијата во деловното подрачје на градот.

Меѓу уништените згради има продавница за железарија, ветеринарна клиника и фабрика за пластика, пренесува Ројтерс.

Стотици пожарникари се уште се обидуваат да го изгаснат пламенот во четири од девет згради зафатени од пламените јазици.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на експлозијата и истакна дека властите „прават се што е можно“ за да ги пронајдат исчезнатите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателката на Перу исчезна две недели поради операција на носот