Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) објави дека бројот на убиени новинари и медиумски работници од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас се искачи на 50.
Loading...
Меѓу загинатите има 45 Палестинци, четворица Израелци и еден либански државјанин, додека тројца новинари се водат како исчезнати.
Покрај тоа, 11 новинари се повредени, а 18 се уапсени.
Во соопштението на КПЈ се вели дека 7 октомври бил најсмртоносниот ден за медиумските работници кога биле убиени шест новинари, а вториот најлош ден бил 18 ноември кога биле убиени пет новинари.