Според информациите од Железничка станица во Гевгелија утрово кон Табановце заминал само еден воз со околу 600 мигранти, а во станицата се очекуваат да пристигнат уште две подготвени гарнитури возови кои во текот на денот ќе ги превезуваат мигрантите кон северната граница.
Во периодот од 08,00 часот на 17.09.2015 до 18.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.623 странски државјани, од кои, 1.150 се од машки пол, 161 се од женски, 261 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 51 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-795, Авганистан –452, Пакистан-176, Ирак-151, додека другите се во помал број, соопшти денес МВР.