Британскиот телекомуникациски оператор укинува 55.000 работни места до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Британскиот телекомуникациски оператор БТ денеска објави дека до 2030 година ќе укине од 40.000 до 55.000 работни места.

Loading...

БТ, порано позната како Британски Телеком, ќе биде принудена да отпушти до 40 отсто од сегашната работна сила, јавува Би-Би-Си.

Шефот на компанијата, Филип Јансен, изјави дека БТ ќе има „значително помалку вработени“ до крајот на деценијата и со тоа „значително ќе ги намали трошоците“.

БТ објави дека нејзиниот приход во фискалната 2023 година до март изнесува 23,8 милијарди евра, што е за еден процент помалку од претходниот период.

Добивката во фискалната 2023 година е намалена за 12 отсто во однос на претходната фискална година, поради трошоците за изградба на телекомуникациската мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

БТ ќе стане помала фирма со светла иднина, заклучи Јансен.