Бранителот на шестмина од групата посочила брутално насилство врз членовите

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот случај сѐ уште е под истрага и се собираат докази од страна на обвинителството, но и од одбраната, јавува АЛСАТ – М.

Loading...

Адвокатката Артена Адеми, која брани шестмина затвореници за АЛСАТ – М вели дека состојбата на нејзините клиенти почнала да се подобрува по многуте физички малтретирања кои им биле направени при нивното предавање.

„Тие биле малтретирани, имало физичко насилство врз нив и по нивното предавање. Не се работи по нивното апсење, туку по нивното предавање, бидејќи тие не давале отпор при апсењето. Употребено е насилство врз моите клиенти, особено кон Бек Бајра за кого постојат докази и сведочења дека од затворот морале да го испратат на хирургија, на максилофацијална интервенција. Исто така е и ситуацијата на Валдет кој има четири скршени заби. Во моментов ситуацијата е малку подобра, но според нивните изјави, кон нив имало физичко насилство“, вели за АЛСАТ – М, Артена Адеми, адвокатка.

Во среда, затворениците во затворот во Шутка, се очекува да се сретнат со нивните семејства, пренесува АЛСАТ – М.

Во вооружениот инцидент во Дива населба во Куманово, од вооружената група беа убиени 10 лица, а 28 се предадоа. Меѓу полицајците имаше осум убиени, а 37 беа повредени.

Според листата објавена на фан страната на Куманова Сот, од Куманово приведени се Кенан Исени, Фадиљ Фејзулау, Ирфан Љутви, Арсим Бајрами (полицаец од с. Ваксинце), Лирим Демири, Севда Мифтари, Фејзула Рушитовски од с. Брест и Бесник Ајдин.

Во групата, 14 лица се од Косово, и по едно лице од Албанија, Тетово, Арачиново и Германија.

 

Loading...

Leave a Reply