Бомбашки напад во Атина, пред седиштето на Грчките железници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бомба експлодирала пред канцелариите на Грчките железници во Атина, соопшти доцна синоќа полицијата, додавајќи дека нема повредени.

Loading...

Претставник на полицијата изјави дека причина за експлозијата најверојатно била импровизирана бомба.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Полициски претставници соопштија дека ја опколиле областа откако две грчки медиумски организации добиле предупредување дека бомба ќе експлодира во рок од 35 минути, објави Ројтерс.

Се посочува дека пред зградата била забележана чанта со сомнителен изглед и била отстранета.

Во железничката несреќа во 2023 година, најголемата во Грција, загинаа 57 лица, главно студенти, а десетици од нив беа повредени.

Многу Грци ја гледаат несреќата како симбол на запоставувањето на железницата во последните децении, а несреќата предизвика масовни протести.

 

Loading...