Боливија: Над 2.000 полицајци трагаат по уругвајски нарко бос

Сподели со своите пријатели

Боливиската полиција започна голема операција за фаќање на Уругваецот Себастијан Марсет, осомничен за шверц на дрога, кој се бара во Парагвај и Бразил, како и од Интерпол и американската ДЕА.

Loading...

Неговото име се поврзува со атентатот на парагвајскиот антимафијашки обвинител Марсело Печи во Колумбија во мај 2022 година, како еден од организаторите на злосторството.

Повеќе од 2.000 полицајци во потрага по нарко бос

Министерот за внатрешни работи во боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, изјави дека во департманот Санта Круз, на истокот на земјата, на границата со Бразил и Парагвај, од саботата, 29 јули, се вршат серија претреси како дел од потрагата по Себастијан Марсет, „озлогласениот нарко бос“.

„Него го бараат Интерпол, ДЕА и земјите од регионот, како Уругвај, Бразил и Парагвај“, додаде министерот.

„Мобилизиравме повеќе од 2.250 полицајци, повеќе од 144 возила, извршивме повеќе од 23 претреси и уапсивме 12 лица“, рече Дел Кастиљо.

Себастијан Марсет Кабрера, кој има неколку пасоши, се уште е во Санта Круз со својата сопруга Перуанка и нивните три деца.

Убиство на обвинителот на плажа во 2022 година

Двајца браќа, колумбиски државјани, кои го организирале убиството и му платиле на убиецот кој во 2022 година го застрела обвинителот Печи на плажа во Колумбија, во мај во Колумбија беа осудени на 25 и пол години затвор, објави колумбиското државно обвинителство.

Марсело Печи (45) бил на меден месец со својата бремена сопруга, парагвајската новинарка Клаудија Аквилера.

Loading...