Блискиот исток ќе биде непогоден за живот поради климатските промени, пишуваат аналитичарите на Советот за надворешни односи на Америка, Кристина Бури и Стивен Кук во напис за „Форин полиси“.
„Климатските промени ќе го направат Блискиот Исток непогоден за живеење. Летово беше тешко за регионот, а неговите последици ќе се прошират и во остатокот од светот“, се наведува во написот.
Аналитичарите предупредуваат дека редовните горештини со себе носат огромни проблеми поврзани со сушата и недостигот на вода.
Покрај тоа, таквата клима се заканува со фатална дехидрација и болести.
Сето ова значи дека луѓето нема да можат да преживеат на Блискиот Исток.
„За луѓето од овој регион дестинација ќе биде Европа“, заклучиле Бури и Кук, пренесува рускиот сајт „лента.ру“.
Во средината на јули, индексот на топлина беше околу 62 целзиусови степени, велат аналитичарите.
Кон крајот на јуни во Мека, Саудиска Арабија е забележана температура од 52 целзиусови степени.
Ненормалните горештини се совпаднаа со муслиманскиот аџилак. Повеќе од 1.300 луѓе станаа жртви на климатските промени.
„Овие бројки ја надминаа „температурата на влажен термометар“ на која луѓето беа изложени на таков топол воздух шест часа – тие веќе не можат да се изладат“, велат аналитичарите, според сајтот „regnum.ru“.