Блинкен во Сеул на разговори за Северна Кореја и нејзината воена соработка со Русија

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во посета на Јужна Кореја, каде што ќе разговара со јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чо Тае Јонг за заканата од Северна Кореја и нејзиното наводно снабдување со воена опрема и муниција на Русија, соопшти денеска Стејт департментот.

Loading...

Блинкен пристигна во Сеул по состанокот на Г7 во Јапонија каде што се состана со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул и министерката за надворешни работи Парк Џин.

Г7 „остро го осуди“ севернокорејското тестирање на балистичка ракета, како и нејзиното наводно испраќање оружје во Русија, што е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Путин е подготвен да се сретне и да разговара со Трамп. Без никакви услови

Дури и пред пристигнувањето на Блинкен, официјалната новинска агенција на Северна Кореја, Корејската централна новинска агенција (KCNS), ја осуди посетата, како и онаа на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој треба да отпатува во Сеул следната недела, опишувајќи ги како „воинџии “.

Тензиите меѓу двете Кореи се на највисоко ниво во последните години, бидејќи Пјонгјанг ги засили тестовите на ракетно оружје додека Јужна Кореја и САД одржуваа заеднички воени вежби.

Северна Кореја ѝ доставува артилериски гранати и друга муниција на Русија во последниве месеци за да им помогне на нејзините воени напори во Украина, изјавија американски и јужнокорејски официјални лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавска зима без руски гас: Придњестровје се замрзнува

И Пјонгјанг и Москва ги негираа наводите дека Северна Кореја ја снабдува Русија со муниција.