Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне е можна изолирана појава на краткоптраен дожд со ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 26 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денес ќе провладува сончево до умерено облачно време, а во попладневните часови се очекува наоблачување, краткотраен дожд проследен со грмотевици и слаб ветер од јужен, односно југозападен правец.
До среда времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Во четврток, под влијание на влажен бран од Медитеранот, повторно ќе биде нестабилно со локален дожд, грмежии и засилен јужен ветер, особено во западните и северните делови.