Билбил Битри нов командант на SEEBRIG (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Бригадниот генерал Билбил Битри од Албанските вооружени сили денеска беше назначен за нов командант на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) која е стационирана во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

Loading...

 

 

Битри ја презема функцијата од досегашниот командант бригаден генерал Евангелос Митруцикос од Грција.

 

 

Loading...

На свечената церемонија во Куманово претседавањето со Политичко – воениот управувачки Комитет и Координативен комитет на SEDM го презеде Симона Којачару – државен секретар и шеф на секторот за одбранбена политика, планирање и меѓународна соработка во романското Министерство за одбрана.

 

 

Воедно беше одбележана и 24-годишнината од формирањето на SEEBRIG, организација формирана во Скопје во 1998 година од страна на повеќе држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тито во Куманово ги посетил повредените од земјотресот во 1963

 

 

Loading...

На настанот се обрати и заменик министерот за одбрана на Македонија Тирон Јајага, а присуствуваа и началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорите, заменици на министрите за одбрана, замениците на генералштабовите и воените аташеи на земјите учеснички во бригадата, како и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа Министрите за Одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

 

 

Loading...

Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега беа: Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса.

 

 

Македонија е домаќин на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово, до 2026 година.

 

Loading...

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски