Биг Бен повторно ѕвони по пет години реставрација

Сподели со своите пријатели

По петгодишна пауза, од утре повторно ќе ѕвони најпознатата саат-кула во светот Биг Бен, објави „Вашингтон пост“.

Loading...

163-годишниот часовник во британскиот парламент ќе продолжи да ѕвони секој ден по петгодишното реновирање од 95 милиони долари.

Од 2017 година, кога престана да работи, ѕвони само неколку пати – на почетокот на новата година, Брегзит и неодамна, по повод смртта на кралицата Елизабета Втора, кога во септември заѕвони 96 пати, одбележувајќи 96 години на нејзиниот живот.

Предвидено е да започне со работа утре во 11 часот, во спомен на 11 ноември 1918 година, кога заврши Првата светска војна.