Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето денеска има во населбата Железничка станица бр. 38, булеварот „3 МУБ“ каде се врши сервисирање на затворачи на водоводна мрежа во неколку шахти.

Прекини има и на улицата „Тане Георгиевски“ бр. 16, улица „400“ во населбата Јане Сандански, „Цар Самоил“, бензинска станица „АВИА петрол“ во населбата Карпош.

Дефект има и во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, додека во меѓувреме се работи на замена на елементи за регулација на притисок на  пумпната станица кај Митев мост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци. Полицијата им пронашла грутчеста материја

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски