Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има на улиците  „430“ и 411 бр. 10 во населбата Иго Тричковиќ.

Без вода се и коирнисниците на „Илинденска“ бр. 48а, „Борко Танев“, и „Браќа Филиповиќ“.

Поради реконструкција на водоводни приклучоци без вода се жителите од улицата „Киро Фетак“.

Поради дефекти прекини има и во селото Проевце – м.в. Трла, како и во населбата Средорек.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

Никола Ивановски