Бесплатниот превоз во Куманово продолжен до крајот на годината

Сподели со своите пријатели

До крајот на годината граѓаните на Куманово ќе можат да го користат бесплатниот јавен превоз кој ќе го субвенционира општината.

Loading...

Вчера Советот на Општина Куманово со мнозинство гласови, без долга дискусија, одлучи мерката да биде продолжена и за ноември и декември.

Од Општина Куманов велат дека оваа мерка е доста популарна кај граѓаните и оттаму оправданоста за нејзино продолжување.

– Потреба од вакво нешто се наметна бидејќи граѓаните се задоволни од ваквата субвенција, масовно е посетен општинскиот линиски превоз, и наидуваме на се почести барања да се воведат нови линии и поаѓања, но сега во момент сме во можност само во овој момент да ја продолжиме оваа субвенција, изјави Лидија Ланг Спасовска од Секторот за комунални работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапува цената за приклучок на гас во Куманово

Кратка беше дискусијата. Менду Асани од ДУИ рече дека нивната советничка група е против ваква одлука, а Миле Андоновски од коалицијата на СДСМ рече дека не е против субвенционирање, туку предлага мерката да биде персонализирана, односно да важи само за одредени категории граѓани.

На крајот со 17 гласа „за“ и 8 „против“, одлуката беше донесена.

Со оваа одлука од буџетот на општината ќе се издвојат дополнителни 10 милиони денари за субвенционирање на линиски општински превоз и еден милион за меѓуопштински линиски превоз.

Никола Ивановски

Loading...