Белорусија нема да ги зајакне своите сили на границата со Украина

Сподели со своите пријатели

Сегашната ситуација не бара Белорусија да ги зајакне своите сили на границата со Украина, изјави денеска белорускиот министер за одбрана Виктор Хрењин.

Loading...

„Нема потреба од тоа“, изјави тој за телевизијата „Россија-24“, пренесе ТАСС.

Хрењин рече дека претходно нивото на силите групирани на украинската граница било повисоко.

„Постои поголема закана за нас од диверзантските групи кои доаѓаат од Украина“, нагласи тој.

Белорускиот министер за одбрана рече дека во моментов вкупниот број на припадници на вооружените сили на Украина распоредени во неколку области долж белоруската граница е „околу 112.000-114.000“.

„Од тоа, околу 17.000 војници учествуваат во директната заштита на украинско-белоруската граница“, прецизира Хрењин.