Белата куќа повторно привлече критики по еден од нејзините последни потези.
Објавено е видео на кое се гледа депортацијата на луѓето за кои се верува дека мигрирале илегално, а во позадина има песна која гласи – „Еј, еј, збогум“.
Видеото беше објавено во неделата, а многу брзо предизвика бран негодувања на социјалните мрежи, со бројни критики.
Многу корисници го нарекоа одвратно и дехуманизирачко.
Автори на песната се Пол Лека, Гери Де Карло и Дејл Фрашуер. Песната е напишана во раните 1960-ти и снимена во 1969 година под името на измислената група Steam. Песната стана хит број 1 на листите на Билборд, а подоцна стана глобална спортска химна.
Пред неколку недели администрацијата на Доналд Трамп објави уште едно видео, овој пат со песната „Closing Time“ на групата Semisonic, потсетува Economic Times.
Во тој случај, видеото беше придружено со текстот на песната, што очигледно беше наменето како референца за „затворање“ и „заминување“.
Бендот Semisonic потоа објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на песната без дозвола, испраќајќи јасна порака до тимот на Трамп: „Ние на ниту еден начин не ја одобривме или одобруваме употребата на нашата песна „Closing Time“.
Нивниот одговор брзо се прошири низ социјалните мрежи и е прегледан повеќе од седум милиони пати, со бројни коментари за поддршка од обожавателите и колегите музичари.
View this post on Instagram