Балетското студио „Ултра” од Куманово прослави 30 години постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” вчеравечер балетското студио „Ултра“ од Куманово го одбележа 30-годишното успешно опстојување во сферата на модерните танци, поддржано од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Loading...

 

 

Заедно со Александра Димитриевска, која е основач и кореограф на ова Студио, бележат бројни настапи на фестивали и натпревари.

 

 

Loading...

„Ултра” е единствено балетско студио во нашата држава, кое се закити со титулата светски првак во категоријата модерен балет за деца.

 

 

На јубилејниот концерт настапијадеца и младинци од ова студио, претставувајќи се со повеќе танцови стилови, кои ги негуваат и развиваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

 

 

Loading...

Учествуваа и шест танцови студија од целата држава: „Анабела”-Велес, „Денс студио“ – Гостивар, „Dancers United” – Скопје, „Магија”– Пробиштип, „Динамик” и „Fusion” од Куманово.