Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија за намалување на тензиите на Блискиот Исток и прекин на огнот во Појасот Газа, објави портпаролот на Белата куќа.
Во заедничката изјава објавена од Белата куќа, лидерите на сите пет земји ја изразија својата поддршка за апелот на Соединетите Американски Држави, Катар и Египет да ги обноват преговорите за прекин на огнот во Газа со цел да се постигне договор што е можно поскоро. пренесува Ројтерс.
„Се нагласува дека нема повеќе време за губење“, се вели во соопштението и во исто време се изразува поддршка за Израел во случај на каква било иранска закана, а во исто време се апелира за испорака и дистрибуција на помош за жителите на појасот Газа.