Бај пасот е пуштен – се очекува нормализирање на водоснабдителната криза

Сподели со своите пријатели

По исклучувањето на познатиот ”бај пас”, т.е четврта водоводна гранка со помош на која кумановчани во летен период добиваат вода во високите градски зони, денес се очекува нормализирање на состојбата откако изутринава повторно е пуштена помошната водоводна гранка, вели  директорот на ЈП Водовод, Горан Стојковски.

Loading...

Причината зошто ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле” се одлучиле од 19 јуни да ги затворат вентилите на бај – пасот, за директорот останува непозната, со оглед дека во меѓувреме, не добиле писмено известување за таквиот чекор на водоснабдителното претпријатие.

– Два милиони денари е сумата која ЈП Водовод месечно ја исплаќа на ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле”, односно, од денот кога јас го преземав јавното претпријатие, досега вкупно се исплатени  55 милиони денари на конто на долгови кон Водостопанство, и причината може да варира, но, дека стриктно се работи за акумулирани и неисплатени долгови овојпат е исклучена како единствена причина за нефункционалниот бај – пас,  вели Стојковски.

Како што додава дирекорот, ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле” како јавно претпријатие ќе постои до 1 октомври, кога претпријатието ќе помине во сопственост на АД ”Водостопанство” во државна сопственост, со што се очекува можна разврска на сите проблеми на релација ЈП Водовод – ЈП Водостопанство, посебно ако се земе во предвид дека цената на сирова вода и понатаму е фактурирана по 6, 7 денари иако договорот постигнат во јули минатата година наложуваше цена на сировата вода да биде 4, 8 денари со ДДВ.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.