Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска добил известување од Азербејџан дека Србија повеќе не може да смета на 1,7 милиони кубни метри гас што пристигнувале секој ден.
Loading...
По средбата со американскиот заменик државен секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма во Белград, Вучиќ изјави дека Србија денеска многу посериозно ќе почне да ги користи своите резерви.
– Сега испадна дека сме биле паметни да собереме резерви. Се надевам дека ќе го средат ова за месец или два. Ако не, очекувајте дека во следните четири месеци ќе треба да ги дополниме и потрошиме резервите. Нема да има недостиг на гас или нафта. Како што гледате, лошите вести никогаш не доаѓаат сами – изјави Вучиќ.